Автопат Скопје-Штип: Парите поважни од безбедноста на возачите

Одрон од карпи три месеци блокира половина од автопатот Штип-Скопје но никој од надлежните не реагира. Купот од карпи и камења е голем и претставува сериозна закана за безбедноста на возилата кои сообраќаат по оваа делница. Возачите остро реагираат, а надлежните се правдаат дека увидот се уште бил во тек. Уверуваат дека за брзо време делницата ќе била санирана:

 „Денеска и утре веќе тимови на ЈП „Македонија пат„ ќе извршат увид за да се констатира која операција од постоечките на терен може да ја завршат. За се она што ќе биде потребно поголема механизација, ќе биде избрана компанија на тендерска постапка која е во тек„-изјави министерот Бочварски

И додека  возачите за да сообраќат по новиот автопат треба да имат вештини како оние од типот на ,надлежните најавуваат дека до крајот на мај  патарините кај Кадрифаково и Преод ќе бидат готови. Објаснуваат дека прават анализи за тоа како ќе се движат цените на патарините за оваа година. Директорот на Државни патишта не знаеше да каже дали цените ќе се намалат или ќе има нови зголемување.

 „Не можам превреме да ви кажам. Ние вршиме анализа бидејќи сите приходи што доаѓаат од патарините ние ги вложуваме на изградба на нови и рехабилиттација на стари што ги имаме во државата„-изјави Рустеми, директор на ЈП„Државни патишта„

Новите патарини  би чинеле дополнителни 240 денари во двете насоки, а граѓаните реагираат бидејќи како што велат отварање на две патарини на автопат од седумдесетина километри ќе преставува вистински грабеж. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста