Автомобил удри во пешак во Велес

На 13.09.2020 во 13.00 часот било пријавено дека во с.Горно Оризари на ул.“Сараевска“, патничко моторно возило „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.О.(66) од с.Горно Оризари, удрило во Е.Ш.(42) од Велес.

Во незгодата Е.Ш. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста