Автомобил удри во ограда, возачот се здобил со тешки телесни повреди

На 18.08.2020 во 12.40 часот било пријавено дека на автопат Велес-Скопје, во близина на мостот Отовица, С.Г.(62) од Скопје, правувајќи патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста