Автобусот на „Беса транс“ кој изгоре бил произведен во 2007 година

Автобусот на компанијата „Беса транс“, кој во понеделникот изгоре во Бугарија, и однесе 45 животи, не е нов, односно, не е од пред три години, како што се зборуваше во јавноста, туку е произведен во 2007-ма година. По укажувањата на машински експерти дека не е можно, нов автобус, да изгори за толку краток период, од МВР известија, дека автобусот, прв пат, бил регистриран во Скопје, на 15-ти декември лани, а возилото било произведено во 2007-ма година. И превозник од Бугарија, кој поседува нови автобуси од марката „Мерцедес“ вчера појасни дека нов автобус, не може да изгори за толку кратко време. Тој истакна дека новите автобуси поседувале противпожарен систем..

Поврзани вести