Автобусот на „Беса транс“, дури 135 пати успеал да излезе од државата со погрешна лиценца

Опожарениот автобус на „Беса транс“, кој немал извод од лиценца, во текот на изминатите две години, дури  135 пати, излегол од Македонија. Од МВР информираат, дека во 2020-та година, автобусот имал 22 преминување на државната граница,  додека, во 2021-ва, има остварено – 113 преминувања на државната граница.. оттаму појаснуваат, дека одделот за гранични работи во ,МВР не е надлежен – да ги проверува лиценците за превоз на автобусите, на граничните премини, туку, дека е тоа работа на царинската управа, и државниот инспекторат за транспорт. Од министерството за транспорт и врски пак, појаснија дека автобусот ја поминувал граница, со лиценца, од друг автобус на „Беса транс“.

Поврзани вести