Автобусите сеуште чекаат да почнат да сообраќаат- функционалноста на јавниот превоз во Тетово вистински предизвик

Автобусите кои тетовските локални власти пред речиси два месеца помпезно ги промовираа, долго нема да почнат да сообраќаат низ градот. Градоначалничката тврдеше дека направени се сите анализи и подготовки и најави дека јавниот превоз ќе профункционира за кратко време,но,се чини не било така. Во раководството на Претпријатието велат дека имало уште многу работи да се решат,ако намерата е јавниот превоз да биде функционален.Со тесни улици,метеж,зафатени сообраќајни ленти,градскиот превоз ќе биде вистински предизвик.

Многу е лесно дури и утре да стратуваме,ќе ги ставиме возачите возаите , ама на што ќе се сведе,или ќе пропаднеме или ќе почнеме да работи со загуба, па да станеме непопуларни, мета на медиумите.Тоа не е идејата, затоа постудиозно се работи сега, генерално имаме неколку предизвици кои треба да се решат рече Дарко Спировски– Директор на ЈП за јавен превоз .

Најголем проблем е сообраќајниот хаос во градот, особено на пладне , кога едвај автомобил поминува низ улиците.Автобусот пак, мора да има одредена временска рамка на линијата која вози и токму на ова се работи, вели директорот.Оти ако патникот не стигне брзо на посакуваната дестинација и не губи време во чекање-џабе е јавниот превоз.

Реалноста е дека ако ги пуштиме автобусите денеска  не сум  воопшто сигурен, ја гледав временската рамка,дека  тоа што автобусот ќе го помине сабајле,за одредено време, дека тоа ќе го направи во 12,13 часот кога градот е преполн со возила.Треба прво едно решение да најдеме, колку толку да дефинираме време, да се знае за колку време ќе се поминуваат тие растојанија,патникот да знае во колку часот ќе дојде автобусот, а не да виси и чека-рече Дарко Спировски– Директор на ЈП за јавен превоз.

Многу предизвици, многу од предходно нерешени проблеми со сообраќајниот хаос, можеби со право предизвикуваат скептицизам дека јавниот превоз ќе биде функционален.Сепак, тоа најдобро ќе се знае кога автобусите ќе почнат да сообраќаат,според најавите- веројатно за некој месец.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста