Анализа: Каква реторика се очекува во финишот на кампањата?

Oсвен звучници од кои ечат партиските химни, веењето на партските обележја, собирањето без дистанца и маски, но и по некоја непристојна гестикулација, митинзите минуваат речиси мирно. Прашањето е каква кампања не очекува до крај? Дел од комуниколозите велат дека партиите не доволно се фокусираат на локалните проблеми, туку политички поени собираат на централни теми.

„Мислам дека партиите можат многу повеќе да покажат, особено ставајќи ги напред квалитетите и ветувањата кои секој кандидат ги има, бидејќи зборуваме за локални избори, локални проблеми, зборуваме за очекувања на граѓаните односно предизвиците со кои се соочуваат во своите општини да почнат да се решаваат. Она што ја одликува оваа кампања е што досега барем гледаме намалено дејство односно влијание на црната кампања, иако постои негативна кампања“, вели комуникологот Бојан Кордалов.

Дел од познавачите коментираат дека до 15 октомври, кога пркатично и завршува кампањата и настанува предизборниот молк, се повеќе ќе се зголемува негативната кампања.

„Очекување е дека со ова темпо, особено во последната недела од кампањата ќе се засили емитувањето на кампања полна со дискредитации и оцрнување на противникот која што како и секогаш потенцирам нема да ги даде посакуваните резултати“, додава Кордалов.

Првиот круг за избор на градоначалници е на 17 октомври.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста