Струшката модуларна болница узурпира туѓ имот, стружани во околината секојдневно гледаат црни сцени со пацинетите

Со узурпација на околу 500 метри кватратни од имотот на стружанецот Алим Цицо , модуларната болница во Струга е изградена делумно на туѓ имот и тоа буквално до куќите чии сопственици сведочат за стравични сцени. Низ тесниот и див премин,кој најнапред се користел за влез на механизација при изградба на болницата,сега   секојдневно поминуваат амбулатни возила со заразени лица, а пред наши очи се изнесуваат и мртви тела на оние кои ја изгубиле битката со опасниот вирус, сведочат вознемирени жителите. 

Се буниме заради влезот што го отворија во тој дел, во нашиот имот.Тие имаа влез од оваа страна, ето ти го влезот каде е. Не можеме ни прозорец да отвориме ни ништо.Роднините на тие што починуваат не сакаат да ги земат алиштата и ги фрлаат онде пред врата,креветите ги иставаат тука да се луфтираат.Од починатите? Од починатите нормално-рече Алим Цицо-жител на Струга.

Ќе умре на пример некој, го ваѓаат надвор креветот,ваѓаат душеци, што не.Прво ги гледаш тука ги изнесуваат умрените, го фаќа го фрла во комбето, страшна работа.И ноќно време се качуваат на столица и викаат на прозорецот бидејќи прозорите се заградени има платно, одозгора се качува и гледа-рече Вице Стефаноски-жител на Струга.

Иако во кругот на болницата, модуларната е лоцирана покрај кејот на реката Дрим,што за мештаните воопшто не е соодветно место за таква намена.

Трауматично,трауматично, знаете каква е заразата, не можеш од никого да се довардиш, а ние сме овде изложени на тој ризик секој ден.Децата сега ние фактички ги држиме како во затвор, бидејќи не можеме надвор да ги пуштаме, овде се  движат секакви луѓе не знаеш кој е заразен кој не е-рече Денис Јусуфоски-жител на Струга.

Бидејќи наместо регуларниот влез во модуларната,се користи тесниот и див премин, мештаните немоќни пред 3 недели со возило го блокирале патот,но со интервенција на полицијата морале да го ослободат.Мештаните стравуваат да не се повтори тетовската трагедија,не само болните-и ние живи ќе изгориме,велат оти сме веднаш до спорниот влез на болницата.

Па може и да се запали ништо чудно,како што се запали и овде може, со овие боци што ги носат тука тоа е ненормална работа.Боците ги носат со еден пикап можда има по 20 по 30 боци-рече Вице Стефаноски-жител на Струга.

Мештаните поднеле барање во рок од 7 дена да се затвори спорниот влез, во спротивно ќе ја тужат болницата.

Јас во таква состојба ја најдов модуларната,надлежните институции нека го решаваат проблемот-вели директорот на струшката општа болница, Арменд Арслани.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста