Нови црни рекорди – 101 амбулантски преглед во Тетово, болницата се полни

Рекордни 101 пациент вчера побарале амбулантски преглед поради симптоми на корона вирус. Тетово руши црни рекорди, состојбата се повеќе алармантна. Денеска има 6 нови хоспитализации, двајца пациенти починале. Болницата е под се поголем притисок,оптимистички прогнози нема. Се очекува бројот на болни и хоспитализирани да расте и следните денови.

Состојбата крајно загрижувачка,но, се чини не и народот.Свадбите и семејните прослави си течат, без никакви мерки за заштита и протоколи.Сеуште не стивнуваат реакциите во јавноста и по случајот што го обелодени доктор од Тетово, за свадбата која си ја истерале со сите адети, и покрај тоа што младоженецот и невестата биле позитивни на ковид.
На Тетово итно му треба мерки, но, издржани. Прашавме и во општината – дали локалните власти размислуваат да бараат построги мерки за да се спаси градот од неконтролираното ширење на вирусот. Но, тие чекале од Министерство.

“Ги почитуваме мерките и препораките од Комисијата за заразни болести.Тие се надлежни и ги имаат сите податоци, затоа кризниот штаб ќе се придржува до она што ќе го предложи Kомисијата и Министерството.”, велат од Општина Тетово.

Слободни има уште неколку болнички кревети. Пациенти веќе се препраќаат и во Скопје. И интерното одделение во Тетово се подготвува за прием на заразени. Пересоналот е мобилизиран, но, веќе исцрпен.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста