Авионска несреќа во Украина, најмалку пет лица загинаа при принудно слетување на авион (Видео)

Најмалку пет лица загинаа при принудно слетување на украински товарен авион „Ан-12“ во близина на Лавов, западна Украина.

Авионот полетал од Виго во Шпанија за Истанбул и имал планирано слетување во Лавов, но морал принудно да слета затоа што останал без гориво, објави украинското Министерство за инфраструктура.Авионот слетал во нискостеблеста шума помеѓу стадионот и гробиштата во Лвов на само 1,5 километри од аеродромот, кој поради несреќата е затворен.

Украинската служба за вонредни ситуации наведе дека во авионот имало осум луѓе, седум членови на екипажот и едно лице кое го придружувало товарот.