Авион принудно слета во поле откако птици влетале во моторите (Видео)

Авион Ербас со над 230 патници принудно слетал на рускиот меѓународен аеродром Жуковски. Според досега достапните информации, пожарот на моторот од авионот довел до принудно слетување.

Пожарот настанал кога птица влетала во еден од млазните мотори на авионот.

Компанијата „Урал Ерлајнс“ соопшти дека нејзиниот авион полетал од Москва за Симферопол кога птици влетале во моторот како и дека во инцидентот никој од патниците не е повреден.

Во авионот биле 234 лица, вклучувајќи и 7 членови на посадата.. Околностите на принудното слетување и натаму се истражуваат.