Аудио бомба: Доказ дека Шилегов и Начевски планираат купување на три нови џипа

Лагата излезе на површина, обвинуваат градските советници на ВМРО-ДПМНЕ, твдејќи дека градоначалникот Петре Шилегов и директор на Дрисла, Коста Начевски купуваат луксузен џип за лични потреби. Начевски вчера ја излажа јавноста дека не планира купување на луксузен џип за неговите потреби како директор, обвинуваат опозициските советници. На онлајн седницата на совет на град Скопје преставникот испратен од Начевски и Дрисла, Дијана Велјаноска Живановиќ вели дека се купуваат три џипа, од кој еден за потребите на директорот.

  •  Аудио Снимка Дијана Велјаноска Живановиќ:
    Киперите ќе ги оставиме, директорот смета дека можеме да ги оставиме за наредната година, а на нивно место се ставени моторни возила.За што се работи? Се работи за три џипа. Тоа се џипови што се потребни за да може да се вози, да се оди,  до тлото на депонијата, доле кај пречистителната станица и кај бунарите, значи за секторот на лабораторијата и за секторот за обезбедување и еден џип за администрацијата, значи за директорот, гости што ќе дојдат на посета и ќе одат на депонијата.

Советниците на ВМРО-ДМПНЕ очекуваат Шилегов и Начевски да и се извинат на јавноста и уште поважно веднаш да ја стопираат одлуката за купување на џипови за луксузирање кога државата е во економска криза.

 

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста