Aтрактивни општини, звучни имиња, но засега сеуште без официјални кандидатури од СДСМ

Очекуваат Заев да ги подржи, лобираат во партијата, но потајно стравуваат дека на крај може да извисат. Дел од најзвучните имиња од СДСМ кои ги водат најважните општини, како Аеродром, Центар и Карпош тврдат дека зад нив стои базата во партијата, но сепак конечната одлука ја носи централниот одбор, во корелација со претседателот. 

Ги прашавме Марин од Аеродром, Богоев од Карпош и Богдановиќ од Центар дали ќе извисат или очекуваат партијата да застане зад нив и пак да добијат кандидатура.

Марин вели информациите дека тој нема да биде кандадат за Аеродром од редовите на СДСМ се шекулации. Вели граѓаните очекувале почнатите проекти тој и да ги заврши.

Очекувам поддршка од партијата, зошто ја имам поддршката од жителите во мојата општина – вели градоначалникот на Аеродром,Златко Марин.

Саша Богдановиќ кој е се поакутелен периодов особено заради градењето на висококатиниците кај Холидеј Ин, иако Заев не го кажа неговото име кога соопштуваше дел од кандидатите за градоначалници, очекува поддршка од СДСМ.

Ја очекувам поддршката за да продолжам со проектите и развојот на општината – вели градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ.

Богоев, чие име исто така изостана од првото соопштување на кандидати за градоначалници, вели дека не сака да коментира за тие прашања.

Јас ја добив поддршката на партијата пред 2 месеци да бидам дел од раководството (извршниот одбор) на СДСМ. Како челн на органот кој одлучува во моментов не би давал одговор. Имаме време и ќе известиме навремено – вели градоначалникот на Карпош Стефан Богоев.

Но неизвесност за официјалзирање на кој ќе биде кандидат за градоначалник нема само во скопските општини. Иако Димитириевски од Куманово поднесе кандидатура до СДСМ, тој не одговори на нашите прашања дали ќе извиси или ќе ја добие поддршката.

Слична ситуација има и во Прилеп, каде актуелниот градоначалник се изјасни дека сака повторно да добие шанса да се бори за татко на општината, но и неговото име изостана во изјавата на премиерот. Илија Јовановски за Алфа вели дека нема да ја коментира изјавата на Заев и ќе го чека второто соопштување на кандидати. Во битката за кој ќе биде кандидат за Прилеп е и екс министерот Сугаревски кој јавно кажа дека ќе се повлече од фукнцијата директор на Царина и ќе се бори за да учествува во борбата за главното столче во Прилеп.

Мери Ѓеорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста