АТЛЕТИКО Е ОСМИНАФИНАЛИСТ ВО ЛШ, ВО КОЈ МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ НИКОЛОВ ОДНОВО ИМА СТРЕЛЕЦ

Атлетико Мадрид го безецира последното празно место за осминафиналето од Лигата на шампионите од првите четири групи, познати се сите што ќе продолжат во Лигата на Европа од овој дел, а Македонија по долго време имаше стрелец во најелитното натпреварување преку репрезентативецот Бобан Николов. Одиме по ред со резултатите и редоследот по 6-тото последно коло во А-Д половината од групите. Во првата: ПСЖ го победи Бриж со 4-1, а Лајпциг беше подобар од Манчестер Сити со 2-1. Англичаните се први, Французите втори, а Германците трети. Ливерпул за сто насто славеше и го елиминира Милан на Сан Сиро со 2-1, а главната работа во Б групата ја стори Атлетико со триумфот кај Порто со 3-1 по што дојде до позицијата два. Португалците се трети. Во третата конкуренција немаше многу неизвесност, па Ајакс за сите 18 бода беше подобар од вториот Спортинг со 4-2, а Борусија Дортмунд со 5-0 го декласира Бешикташ, но иако има ист број бодови со тимот од Лисабон мора да се задовили со преселба во Лигата на Европа. И конечно во составот Д, Реал со 2-0 го победи Интер и остана прв, Италијанците се втори, а со гол на Бобан Николов во судиското продолжение Шериф обезбеди 1-1 кај Шахтјор иако третата позиција на Молдавците не им беше загрозена и пред мечот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста