Атланта станува најголем конкурент на Јуве

Аталанта ја декласира Бреша со 6-2 за да потврди дека е во врвна форма и дека веројатно во овој миг е најголем конкурент на водечкиот Јувентус за титулата во Калчото. Екипата од Бергамо од синоќа е втора на табелата со 70 бодови, два повеќе од Интер и Лацио, и шест зад Јувентус кој во саботата се извлече во директниот дуел, а денеска гостува кај Сасуоло. Од нашите: Елмас и Наполи вечерва играат кај Болоња, Удинезе на Несторовски исто денеска го пречекува Лацио, а Џенова на Пандев утре игра кај Торино.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста