Атланта на крилјата на Тре Јанг поведе против Милвоки во Источното финале

Атланта на гостински терен го изненади Милвоки и поведе со 1-0 во финалето на Источната конференција од НБА лигата. „Јастребите“ го добија првиот меч со 116-113, а најголема заслуга има Тре Јанг, кој постигна дури 48 поени плус 11 асистенции и 7 скока. За него ова е личен рекорд во плејофот, и е единствен со толку многу поени во досегашната историја, кога во прашање се деби настапите на конференциско финале. За Бакс од помош не беше Холидеј со 33 поени, ниту Антетокумбо, на кого му недостасуваше само една асистенција за нов трипл-дабл, заврши со 34 поени, 12 фатени топки и 9 успешни додавања. За Милвоки ова е прв пораз на домашен терен во годинашниот плејоф, а можност за реванширање ќе имаат в сабота по полноќ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста