АТЛАНТА ИЗРАМНИ ПРОТИВ МИЛВОКИ ВО ФИНАЛНАТА СЕРИЈА НА ИСТОКОТ

Кошаркарите на Атланта го израмнија резултатот на 2-2 по четвртиот натпревар во финалето на Источната конференција откако ноќеска славеа над Милвоки со 110:88. Иако екипата на Хокс настапи без повредениот Тре Јанг сепак успеа да стигне до значаен триумф, а одлична партија одигра Богдан Богдановиќ кој натпреврот го заврши со 20 поени (од кои 6 тројки), 3 скока и 5 асистенции, додека најефикасен кај победникот беше Лу Вилијамс со 21 поен, 5 скока и 8 асистенции. На спротивната страна, во редовите на Милвоки Џру Холидеј забележа 19 поени, 5 скока и 9 аситенции, Крис Мидлтон имаше 16, а Јанис Адетокумбо 14 поени, но грчкиот кошаркар можно е да го пропушти следниот меч кој се игра ноќта помеѓу четврток и петок откако заработи повреда на левото колено во третатта четвртина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста