Атиџе е добро, нема симтоми на корона

„Радувајте се на секој момент. Во ова време невреме само тоа ни останува„- порачува Овчеполската кралица на медот Атиџе Муратова. Вели, воопшто не е исплашена од веста дека градоначалникот на Лозово, со кој минатиот викенд започнаа со подготовка на книга за  нејзиниот живот, е позитивен. Деновите ги поминува во Беќирлија, на воздух. Порачува сите кои имаат можност да излезат и да го почувствуваат ветрот..

 „Да испаднеме малку на природа, да се шетаме, воздухот, ветерот да не носи. Тоа ќе помине.„ – изјави Атиџе Муратова.

Откако припадна на Саемот на медот, сега вели дека е добро. Има направено испитувања и резултатите и се добри.

„Беше ја на лекар. Фала му на Бога добра сум. Нема да кријам. Ако има нешто јас сама ќе си кажувам. Нели така? Пијам лимонтуси со сол, сода бикарбона, стари баби што ми речат. Фала богу до сега сум добро„-изјави Атиџе Муратова

Македонската пчеларка својата свтска слава ја достигна како главна хероина во документарниот филм „Медена земја„. Со својата искреност и со девизата дека светот треба да функционира делејки ги работите на пола на Оскарите ги засени и најголемите холивудски диви.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста