Aтанасов: Со Ковачевски на чело на партијата, СДСМ ќе владее најмногу 12 месеци

Ако изборот на СДСМ е Ковачевски тогаш прогнозата е дека партијата нема уште многу долго за владее. Замената на новиот лидер, која доаѓа од врвот на партијата е наравена за да нема промени во работењето на СДСМ анализира за Алфа телевизија, понешниот заменик министер за образование, Петар Атанасов. Тој е дециден, дека треба јавноста да види каква програма ќе понуди новиот мандатар, а со тоа ќе се отслика што понатаму ќе гледаме на политичката сцена во Македонија.

Многу се поголеми шансите да не направи ништо повеќе од ова што досега го има направено, многу се мали шансите новиот мандатар новиот премиер нешто да направи. Јас не знам што ќе направи. Во овој момент не гледам од каде ќе извлечат нови асови или нови адути. Од она што го гледам како вокабулар на претпоставениот нов мандатар или премиер, не претчувствувам никакви драстични промени или дистанца од она што беше СДСМ и Зоран Заев. Ако тоа го отсликува неговиот избор за влада, неговите политики неговите навестувања како ќе прави што ќе прави, … кога беше најголемата криза во СДСМ тој човек не беше во зградата на СДСМ вели Атанасов.

Партијата на власт вели Атанасов, ќе го доживееше својот крах многу порано но поради пандемијата тоа се пролонгира за сега.  Незадоволство првично почна внатре во СДСМ, тврди Атанасов,  а сега стигнало до врвот бидејќи општеството критикувало веќе подолго време. Поранешниот член на централниот одбор на СДСМ не и дава на партијата рок на владеење подолг  од 12 месеци бидејќи не ниди ниту идеја ниту програма како понатаму.

Сите денешни настани велат дека СДСМ нема лидер, нема лидер кој би го повел СДСМ во една нова фаза. Немаат ниту идеја ниту програма ниту што да прават понатаму. СДСМ е на крајот од своето влаеење, не би му дал повеќе од 12 месеци и тоа е многу. Ако изборот е Ковачевски тогаш прогнозата е дека СДСМ нема уште многу да владее. Сеуште се глуми некаква нормалност од СДСМ, но мислам дека не им се добри работите. Сите токму поради тоа сме заинтересирани што се случува, но можам да заклучам дека СДСМ покажа една голема неспособност. Дојде на една голема врата во Владата со многу турбуленции, но она што го ветуваше и за што граѓаните гласаа не го оствари и затоа сега има ваков крах вели Атанасов.

Крахирањето на Соцјал- демократите Атанасов го лоцира во ставењето акцент на надворешната политика, а притоа немало објективност од партијата на власт, без резултати и лидери во многу сектори, а се поочигледно дека има луѓе кои не се согласуваат, вели Атанасов и дека допрва ќе слушаме и други изјави на несогласување, бидејќи кога не оди- не оди.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста