Атанасов: Образовниот систем не е подготвен за дигитализација од денес за утре

Поранешниот заменик министер за образование Петар Атанасов ја анализира состојбата во образовниот систем и подготвеноста за дигитализација односно реформи во образовниот процес.

Дигитализацијата во образованието не е процес кој се спроведува од денеска за утре, тоа треба да се спроведува етапно а за тоа пред се, е потребна обука на образовниот кадар вели за Алфа, Атанасов. Обуката на наставните и професорите, која секако не треба да биде двонеделна, е должност единствено на Министерството за образование и наука и Бирото за развој во образованието, а во набаката на дигитални уреди можат да помогнат и општините вели поранешниот заменик министер за образование.

Во продолжение целиот разговор со професорот Петар Атанасов.