Артур не сака да чуе за Јувентус, Барселона го губи Пјаниќ?

Зделката меѓу Барселона и Јувентус ја кочи Артур. Бразилецот одби да се пресели во Торино, како дел од размена за Миралем Пјаниќ и Матија де Шиљо. Каталонците веднаш го понудиле Нелсон Семедо, но за него не е заинтересиран Маурисио Сари. Барса инсистира за трансфер во наредните 10 дена, но не е расположена да кешира за Пјаниќ, што не се исклучува можноста Јувентус да го продаде во друг клуб, особен ако се знае интересот од ПСЖ и неколку премиерлигаши.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста