Арсовски: Фирмата „СВ Инвест“ поврзувана со случајот рекет во РЕК Битола, е во стечајна постапка
Нови моменти во скандалот што го обелодени ВМРО-ДПМНЕ со фирмите и тендерите за ископ на јаловина во РЕК Битола.
Фирмата СВ Инвест која важи за компанија блиска до семејството Заеви, на 22 март годинава започнала постапка за стечај, вели портпаролот на опозицијата, Димче Аросвски. Тој посочува дека стечајната постапка е отворена зошто очигледно било, дека сакаат оваа фирма свесно да ја затворат и стават во стечај и сите инволвирани во криминалот да не можат да се поврзат со случајот.
Фирма која од година во година и растел профитот по 50, 100 и 200 проценти, и во 2019-тата година заработила 2.5 милиони евра оданочени, отпочнала стечајна постапка за неизмирено побарување од нешто над 250.000 евра. На овој документ се гледа решението за отпочнување на стечајна постапка за поведување, а на овој документ се гледа образложението зошто односно за неизмирен долг од 16.5 милиони денари или нешто повеќе од 250.000 евра-рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој прашува зошто токму сега се отвора стечајна постапка за фирмата, односно дали постои можност сопственикот да ја напушти државата со заработените пари од РЕК „Битола“ и да избега?
„Да потсетиме, Столе Чифлигароски, сопственикот на ’СВ инвест‘, и индиректно Вице Заев, преку ’СВ инвест‘ се обидоа да изнудат тендер, без да исполнуваат услови за да го добијат тендерот, од фирма која си го добила на јавен повик во РЕК ‘Битола’ и притоа да ѝ направат штета на компанијата на којашто ѝ го изнудиле тендерот од нешто повеќе од над половина милион евра. Дополнително, истите тие луѓе барале 250 000 евра рекет во кеш од сопствениците на компанијата за да ги однесат во Струмица“, рече Арсовски.
Аферата со РЕК Битола ја обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на брифинг со новинарите. Станува збор за скдандал каде битолската фирма Рубитон кој регуларно го добила тендерот за ископ на јаловина во РЕК Битола трпела притисоци да даде дел од тендерот на фирмата СВ Инвест, откако одбиле преку екс дирекоторот на РЕК, Ковачевски било побарано сопствениците на Рубитон да дадат 250 000 евра кеш на Вице.
Случајот бил пријавен во БЈБ и било составено известување кое на 27 февруари 2020 година, во времето на техничката влада во која партиципира и ВМРО-ДПМНЕ, е пратено до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Но, како што велат од опозициската партија, и тука се јавува сериозен проблем – постојат две верзии на известувањето. Во првата стоел делот со Вице Н., додека во втората Вице Н. бил изоставен, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
Аферата ја негираа и Вице, но и од РЕК Битола, се поствува прашањето ако скандалот кој го објави опозивцијата е лага, зошто за сомнеж за издавање на државна тајна беа повикани на информативен разговор тројца полицајци кои има индиции дека ги дале документите до ВМРО-ДПМНЕ. Засега, иако опозицијата достави докази до ОЈО за нивните тврдења , никој од лицата кои со име и презиме беа посочени дека учествувале во изнудата и притисоци не беа повикани на никаков разговор ниту во МВР, ниту во обвинителството. Вчера потрептеседателот на опозицијата, кажа дека докуметите ги добиле од високи членови на СДСМ.
Мери Ѓорѓиевска