Арсовски: Дали Нина Ангеловска крие дека се подновила со стан од над 100.000 евра?

“Според информациите и документите кои што ги добивме, министерката Нина Ангеловска, која на позицијата министер е неполна година, изминатиов период купила стан од околу 100 м2 од градежна фирма со локација во Градски парк, во вредност од над 100.000 евра. Доколку отворите на сајтот на антикорупциска комисија во информациите за имотот на функционерите односно конкретно за имотот на министерката Нина Ангеловска ќе видите дека таа нема пријавено и не поседува никаков стан.” – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ти прашуваат дали Нина Ангеловска поседува стан во непосредна близина на Градски парк од околу 100 м2 во вредност од над 100.000 евра? Зошто Нина Ангеловска крие дека купила стан од над 100.000 евра на
атрактивна локација во близина на Градски парк? Која е причината поради која што крие дека се стекнала со ваков недвижен имот? Дали Нина Ангеловска сака да го изигра законот и да го сокрие станот со кој се стекнала изминатиов период? Која е причината поради која што го крие станот од над 100.000 евра Нина Ангеловска?