Арсовска во водство пред Шилегов, СДСМ по се изгледа го губи и Скопје

Убедливо водство на независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска во трката за градоначалник на Скопје, разликата меѓу неа и Шилегов од СДСМ варира од 5000 до 10 000 гласови предност за Арсовска.

Откако не се исполнија предвидувањата на Шилегов дека ќе победи во првиот циклус на локалните избори, а оние информации за негово водство од над 10 000 гласови паднаа во вода, се поочигледно е опозициското расположение на скопјани.

Независната кандидатка Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ ги зголемува гласовите на своето конто се повеќе како што се ближи крајот на обработката на избирачките места. Таа влегува како фаворит во вториот кург на локалните избори каде на 31 октомври ќе ги вкрсти копјата со Шилегов, кнадидатот од СДСМ.

Арсовска се заблагодари за довербата и повика на обединување за уривање на оваа локална управа.

Според резултатите на трето место е кандидатот на Левица, Георгиевски кој не се пласираше во вториот круг, по него е независната кандидатка Ана Петровска, а потоа кандидатот на ЛДП и ДОМ Бени Шакири.

СДСМ и понатаму уверува дека во вториот круг победата за Скопје ќе припадне во нивните раце.

СДСМ и коалицијата влегуваат во вториот круг во вкупно 36 општини, плус Градот Скопје, СДСМ и коалицијата во вториот круг победуваат во најголем дел од општините и Град Скопје, велат од СДСМ.

Се поизвесно е дека и оваа инфомација на СДСМ ќе биде промашена, оти вчерашните избори покажуваат дека Скопјани не се задоволни од сегашната власт и бараат промени.

Дека шансите Данела да биде првата жена градоначалник на Скопје се се поголеми зборува и фактот што другите кандидати за градоначалници кои не влегоа во вториот круг, се изјаснуваат дека Шилегов не е изборот за Скопје.

Бени Шакири рече дека е сигурен дека актуелниот градоначалник не сака да го види пак на чело на општината, трето пласираниот Камиказа на социјалните мрежи испрати порака да победи подобриот, но партијата Левица која го поддржуваше е со став дека оваа локална власт треба да замине во историјата.

Иако Арсовска и Шилегов одат во втор круг, во првиот кург е избран советот на Град Скопје, а таму според досегашните резултати ВМРО-ДПМНЕ има поголем број на советници од СДСМ. 34 проценти од гласачите гласале за листата на партијата на Мицкоски, а 22 отсто за партијата на Заев.

Мери Георгиевска