Арсенков: Двојно зголемен бројот на итни случаи, зајакнати хирирушките екипи

Арсенков: Двојно зголемен бројот на итни случаи, зајакнати хирирушките екипи

Градската хирушка болница „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8-ми Септември“ преплавени со пациенти. Нефункционалноста на хирушките сали на Клиничкиот центар цели 11 дена го зголеми двојно притисокот врз овие две болници. Еден хирург дневно прави најмалку по пет операции, болничките капацитети се исполнети, а медицинскиот персонал е преоптоварен, алармира директорот на градска болница Љубен Арсенков. Тој вели дека во последниве десетина дена, дневно по 450 пацинети гравитираат низ болницата Св. Наум Охридски.

Заради ситуацијата на Клинички центар, се организиравме на начин што хроничните пациенти што се за операција, не ги примаме и оперираме само итни случаи. Така што, за овие десеттина дена, примени се некаде 170 итни пациенти, од кои кај 150 се направени хируршки интервенции. Зголемен е бројот, зголемен е и обемот на работа на персоналот. Се организираме засега и се надевам дека ќе продолжи натаму без поголеми реперкусии на третманот. Персоналот одговара на потребите, доаѓаат од дома, повеќе смени работат, вели Арсенков.

Арсенков, се плаши дека во следниот период ситуацијата ќе биде уште по алармантна. Се надева дека проблемот со кислородните пумпи ќе биде решен што поскоро, во спротивно ќе има лош исход, односно здравствениот систем целосно ќе крахира.

Тој бара на испомош да се активираат и хирурзите од другите градови во Македонија, а наједноставно решение според него операции да се прават и во општите болници во внатрешноста.

За жал, тоа што се случува таму не би знаел до кога би траело и сигурно ако продолжи ќе се исполнат капацитетите и можеби ќе треба да се размислува за активирање на некои центри од внатрешноста да можат овие случаи што вообичаеноги праќаат тука, да се третираат во матичните хируршки установи, изјави Арсенков.

Во меѓувреме, хаосот на хируршките клиники продолжува и не се знае кога ќе проработат операционите сали. Лекарите функционираат во импровизирани услови, пациентите во агонија поради пролонгирање на интервенциите а министерот за здравство не знае до кога ќе трае испитувањето – од каде доаѓа смрдеата во оперативниот блок. Дотогаш клиниките ќе функционираат со надворешни комресори и тоа само за најитни случаи. А одговорност и натаму нема.

И во април имаше дефект со компресоркста станица што тогаш траеше два дена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )