Арсенал преку Челзи до 14. ФА КУП Трофеј, рекордна вечер за ОБАМЕЈАНГ И АРТЕТА

Арсенал со победа од 2:1 против Челзи ја освои титулата од националниот Куп на Англија. „Топџиите“ го репризираа финалето од 2017-та кога со идентичен резултат го совладаа лутиот ривал од Лондон. За разлика од тогаш, овој успех беше надополнет и со неколку остварувања за историја. Арсенал го подобри рекордот, сега со 14 куп трофеји, два повеќе од Манчестер Јунајтед. Габонецот Обамејанг со двата победнички гола, стана првиот капитен Африканец со освоен трофеј од ФА купот. Во историјата се впиша и Микел Артета. Шпанецот е првиот со ФА куп титула и како играч во 2014-та и шест години подоцна како тренер на Арсенал.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста