Аријан Адеми во идеалниот тим na хрватското првенство

Аријан Адеми е избран во идеалниот тим на сезоната во хрватското првенство. Во организација на фудбалскиот синдикат во Хрватска, право на глас имаа тренерите и фудбалерите на прволигашките екипи. Покрај капитенот на загрепски Динамо, кој немаше конкуренција на својата позиција во средниот ред, уште тројца негови соиграчи се дел од најдобрите 11, меѓукои и Бруно Петковиќ, кој го понесе признанието фудбалер на сезоната.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста