АРГЕНТИНА ПРЕКУ КОЛУМБИЈА ДО ФИНАЛЕТО НА КОПА АМЕРИКА КАДЕ ВО САБОТА ГИ ОЧЕКУВА БРАЗИЛ

Аргентина славеше по изведувањето пенали против Колумбија и си обезбеди пласман во финалето на Копа Америка. На мечот во Бразилија погодуваа: Лаутаро и Дијаз во основното време, а Гаучосите одат во 29-тата завршница и ќе се борат за 15-тиот пехар на јужноамериканскиот шампионат затоа што во серијата погодија три од 4, а Колумбијците само еден од четири пенали. Во сабота невечер, Аргентинците во Рио ги чека Бразил во еден од најголемите можни фудбалски спектакли.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста