Аргентина го завери пласманот во елиминациите на Копа Америка

По ремито со Чиле, и победата над Уругвај, Аргентина минимално го совлада Парагвај, и го потврди прогресот во првата елиминациска фаза на Копа Америка. Папу Гомез стрелаше во 10-тата минута, за нови три бода, вкупно седум и лидерска позиција во Групата А. Лионел Меси го изедначи рекордот на Хавиер Маскерано, сега двајцата имаат по 147 меча за Аргентина, а тоа значи, Меси во следното коло ќе стане играч со најмногу настапи за Гаучосите. На вториот меч во истата група, Уругвај и Чиле одиграа 1-1. Варгас погоди за Чилеанците, а Суарез се погрижи за изедначување и прв бод за Урувајците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста