Арачиновци немаат трпение за вечното ветување дека ќе добијат канализација и чиста вода за пиење

Три години од ветувањата на сегашната власт дека во Арачиново ќе потече чиста вода за пиење и ќе добие канализација, арачиновци, се уште живеат со ветувањето.Соочени со секојдневни сериозни приоблеми, револтирани и разочарани, пред камерата на Алфа се пожалија, дека веќе немаат сила да ги слушаат празните предизборни ветувања.

Многумина од жителите и не беа расположени да зборуваат пред камера па си ја отворија душата позади неа – живееме во мизерни услови, мака мачиме во 21 век без вода за пиење, без патишта и канализација и никој не презема никаква одговорност.

Владините функционери и во оваа изборната кампања, се растрчаа да видат до каде им се одамна ветените проекти. Техничкиот премиер Спасовски, кој е носител во втората изборна единица, среде работно време, се сети на канализацијата во Aрачиново.

Лошата миризба во Арачиново е резултат на тоа што секоја куќа има бунар, кој најчесто се наоѓа во близина на септичка јама.Проблемот со водата и канализацијата на Арачиновци трае со години. Политичките ветувања, досега не го решија.Останува да се направи обид, со конкретен проект и рокови коишто ќе се испочитуваат, за канализацијата да стане придобивка и за арачиновци – задоцнето, во 21-от век, но и тоа е подобро отколку сегашната ситуација.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста