АНТОНИО КОНТЕ МОЖЕ ДА СИ ЗАМИНЕ ОД ИНТЕР ЗАРАДИ НАМАЛЕН БУЏЕТ

Разидувањата околу висината на буџетот за следната сезона може да ја растури идилата на Џузепе Меаца и да го принуди тренерот Антонио Конте да си замине од Интер и тоа во ситуација кога ја донесе титулата од Калчото по цели 11 години. Но Газета Дело Спорт пишува дека кинескиот газда Стивен Жанг инсистира на намалување на трошоците, а Конте сака повеќе пари од лани за да го задржи, па и надгради квалитетот на тимот. Конте интересно веќе имаше едно вакво демисионирање од Јувентус во иста ситуација. Со титула и со предлог за намален буџет што тренерот не го прифати и си замина од Торино. Инаку се зборува дека Интер ќе го продава Ашраф Хакими за кого живо е заинтересиран ПСЖ, а за кого Конте од поодамна рече дека тој заедно со Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез се недопирливи и не смеат да бидат продадени по ниту една цена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста