Анткорупциска може да остане без европските пари доделени за опрема

Новиот состав на Антикорупциска комисија скоро и по година дена постоење остана да кубури со кадар во старите простории. Никој не сака да каже што се случи и со опрема вредна 670.000 евра која Европската Комисија ја купи за антикорупционерите да можат де се поврзат со сите државни институции за полесно да детектираат криминал и коруптивни зделки.

Иако опремата требаше да се инсталира до крајот на минатата година, бидејќи во спротивно на ЕУ ќе треба да и се вратат парите, истата е врзана со преселбата на ДКСК во новата зграда кај МНТ. Поминаа сите роково, а најверојатно власта на СДСМ некаде ја закочи работата.

Денеска претседателката на Антикорупциска Биљана Ивановска не сакаше да зборува на тема – нова опрема и плаќање пенали на Унијата, како и за новите простории, тема беше – стратегија за намалување на корупцијата во државата.

Стратегијата ги опфаќа сите сфери од општеството и државата па така Антикорупциска ќе бара засилени контроли на јавните набавки, јакнење на човечкиот интегритет во судството, јакнење на капацитет на државниот просветен инспекторат, центри за управување со отпад, целосна дигитализација при издавање дозволи за бизнисот.

Петгодишната стратегија за спречување на корупцијата, ги детектира најризичните фактори за корупција во државата. На врвот се политичките влијанија, немањето личен и институционален интегритет, недоречености во законската регулатива и слабата транспарентност. Најкорумпирани институции според ДКСК се здравството, полицијата, обвинителството и образованието.

Пред распуштањето Собранието ќе ја усвои Стратегијата за спречување на корупција и судир на интереси која денеска му беше врачена на спикерот Талат Џафери. Во пресрет на изборите, Антикорупциска ќе го следи изборниот процес и ќе алармира во случаи на сомнеж за прекршување на законите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста