Антикорупциска отвора случај за пожарникарските скали од 1.700.000 евра кои ги купува Шилегов

Антикорупциска отвора случај за пожарникарските скали од 1.700.000 евра кои ги купува Градот Скопје. Комисијата ќе ја чешла набавката на Шилегов но и како компанијата која добила 126 државни тендери , го добива и овој тендер за набавка на опремата за пожарникарската бригада.

И додека антикорупционерите отвораат случај за него, градоначалникот Шилегов денеска на брифинг со новинарите повторно се обиде да ја убеди јавноста дека постапката за набавка на пожарникарско возило и скала со додатна опрема била транспарентна. Фирмата која ќе ја одржува опремата е фирма на зет на секретарот вработен во Градот Скопје и досега добила 126 државни тендери, ама според Шилегов немало никаков конфликт на интереси.

Градските пари нема да бидат директно исплатени на сметката на „Армор плус“, па затоа нема конфликт на интереси. Само оваа фирма од Македонија е застапник на специјализираната опрема. Ние немаме деловен однос ниту кон српската, ниту кон македонската. Влегуваме во предизборие па лагите кои кажува опозицијата ќе бидат секојдневие, рече Шилегов на брифингот.

Истата фирма во 2018-та и 2020-та добила два тендера за набавка на пожарникарска  опрема, потврди и првиот пожарникар Симоновски.

Опозицијата веќе обвини дека огромна добивка или 37 отсто од буџетските пари од градската каса ќе легнат токму на сметката на оваа фирма. Токму тоа е и разликата во парите со скалата која ја набави градот Загреб од истата компанија од Будимпешта со иста додатна опрема.

Засега исплатени биле 20 отсто од парите за набавка на возилото со скала од Будимпешта, а останатите ќе биле исплатени до јуни кога и се очекува истата да биде донесена во Македонија.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста