Антикорупциска се заинтересира за „снегот“ на Шилегов

Антикорупциска по допрен глас ќе одлучува дали ќе се отвори предмет за случајот на градоначалникот Шилегов со ангажирањето приватна фирма за чистење снег.

Претседателката на антикорупциска за Алфа потврди дека овој случај поради неговата специфичност го привлече вниманието на антикорупционерите кои веќе на првиот колегиум ќе одлучат дали ќе се отвори предмет за скопскиот градоначалник кој според информациите објавени во јавноста ангажирал фирма за чистење снег и на истата и платил околу 1 милион евра.

Денеска Шилегов сумата не ја потврди, но призна дека таков договор постои. Се правда дека и оваа состојба не била измислена од него, туку наследена.

Сепак Шилегов не кажа зошто Градот мора да плаќа на приватни фирми, кога располага со Јавното претпријатие Улици и патишта, која има токму дејност да ги одржува улиците и сообраќајниците во градот.

Она што е дополнително индикативно е што во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, а над сето тоа ќе се плаќа дополнително, што значи дека сумата вртоглаво ќе расте.

Односно, излегува дека ангажираната фирма „Аполо Инженеринг“ дневно ќе треба да работи помалку од 2 часа!

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста