Антикорупциска отвори предмет за сетот економски мерки, се потрошиле многу буџетски пари
Антикорупциска отвори предмет за првиот сет економски мерки и побарала од Владата документи и податоци за тоа кој добил, а кој бил одбиен и зошто, информираше претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.
Антикорупциска ќе проверува и по кој критериуми се доделувала минимална плата на компаниите. До Владата испратиле веќе барање да им ги достави потребните документи. Оваа владина мерка, според антикорупционерите, ја искористиле и фирми кои се во добра финансиска состојба.
И поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев повторно ќе се најде под лупа на антикорупционерите. Негови фирми добивале финансиска помош од државата, а истовремено тој е член на советодавно тело формирано од Министерството за финансии.
Ова советодавно тело беше формирано на почеток на падемијата, а и денеска остана неодговорено прашањето упатено до СДСМ дали Анѓушев е дел и од економскиот тим на таа и дали му дава совети и на партискиот претседател Зоран Заев?