Анкета: за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21.1% а за СДСМ 18.1% од гласачите

Водство на опозицијата за 3 процентни поени покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје изработена за потребите на емисијата Детектор.

Според неа, доколку следната недела се одржат предвремени парламентарни избори 21,1% од граѓаните ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ, додека 18,1% ќе гласаат за владејачката СДСМ.

Во албанскиот политички блок ДУИ и натаму е во водство со рејтинг од 4,5% пред Алијансата на Села која ќе добие поддршка од 2,8% од анкетираните граѓани.

Алтернатива на Гаши има поддршка од 0,8%, а БЕСА на Касами 0,7%.

Повеќе од една четвртина од анкетираните или 26,1% велат дека нема да гласаат за ниту една партија. 14,7% од граѓаните не сакаат да кажат за кого ќе гласаат а 9,7% се уште немаат донесено одлука.

Кај определените гласачи односно тие што би излегле на избори предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ е 6%.
Анкетата за потребите на емисијата Детектор ја спроведе Институтот за Политички истражувања Скопје во периодот од 14 до 17 септември, годинава, врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници.

Предходно неделава и анкетата на Маркет Вижн за Мкд.мк покажа значително водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ од 8% кај определените анкетирани граѓани.