Анкета: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ, граѓаните не сакаат избори во јуни или јули

Предност за ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ и отпор против избори летово покажува анкетата на мкд.мк спроведена од маркет вижн.

Според резултатите од анкетата ВМРО-ДПМНЕ води со 7,3 проценти кај македонсгото гласачко тело и 1,6 отсто вкупно кај сите гласачи. Односно 21,3 проценти од етничките Македонци на избори гласот би го дале за опозицијата додека за социјалдемократите 14,2. Кај сите определени гласачи ВМРО-ДПМНЕ би го поддржале 14,6 отсто, а СДСМ 13 отсто. СДСМ овој број на гласови го добива со 6,6 проценти гласови од етничките Албанци. Левица на анкетите котира со 1,9 отсто поддршка.

4 проценти е предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ и кај граѓаните кои се определиле за една партија. Соодносот опозиција =- власт е 36,5:32,6.

Кај албанскиот политички блок речиси пет проценти е поддршката на ДУИ, 2,8 на Алијанса, 0,4 на БЕСА, а ДПА и Алтернатива ги поддржуваат 0,3 проценти од гласачите.

Не откриваат за кого ќе гласаат речиси поливина од испитаниците 48,4 отсто. Не знаат 8,8, проценти. 2,7 проценти не би поддржале ниту една партија.

Мнозинството граѓани не сака избори во јуни или јули и смета дека тие треба да се одржат наесен. Над половина од анкетирните односно 51,6 проценти одговориле на овој начин. 21,6 отсто од граѓаните сметаат дека изборите можат да се одржат летово. А 26,8 проценти немаат став.

Сепак доколку ги има 64 отсто од граѓаните би гласале. Над 14 проценти би ги бојкотирале изборите. Немаат став 16,6 проценти од анкетираните, а 4,6 не сакаат да одговорат.

Телефонската анкета била спроведена од 28 април до 5 мај врз 1200 испитаници.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста