Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со предност пред СДСМ од 3,9 проценти

Ако утре се одржат предвремени парламентарни избори, победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата анкета на Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ужива поголема доверба кај граѓаните за 3.9 проценти, отколку СДСМ. Односно за партијата на Мицкоски би гласале 22,3 отсто од испитаниците, за партијата на Заев 18,4 проценти. За Левица се изјасниле 4,9. Во мртва трка се и двете најголеми партии во албанскиот блок со разлика од само 0,5 проценти. За ДУИ би гласале 6.1 отсто, за Алијанса на Албанците 5,6. (инсерти табели)

Се зголемува бројот на граѓани кој негативно ја оценуваат работата на првиот човек на Владата, Заев. Дури 70,1 отсто од испитаниците се изјасниле дека не се задоволни од сработеното, а поддршка Заев за своето владеење добива од 25,6 проценти. Точно 25 проценти од испитаниците велат дека повеќе доверба имаат во Мицкоски отколку во Заев. Односно позитивно се изјасниле 50.6 проценти. (инсерти табели)

На прашањето – Како ја оценувате работата на Владата со оценка од 1 до 5 ,повеќе од половина од испитаниците дале оценка 1, а оценка 5 дале само 9,1 процент. (инсерти табели)

Голем дел од испитаниците сметаат дека Владата не ја води државата во правилна насока.  Вака се изјасниле 55,7 проценти, додека пак 15,3 проценти оценуваат дека е Владата оди по пат кој е добар. (инсерти табели)

Анкетата е спроведена телефонски во период од 21 до 25 декември 2020  врз репрезентативен примерок од 1.523 испитаници  При анализата опфатени се сите изборни единици.  Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста