Анкета:Шеќеринска не смееше да си дозволи да не се појави на чествувањето на загинатите на Карпалак!

Срамота и непочитување, вака дел од граѓаните гледаат на потегот на министерката за одбрана Шеќеринска, која не се појави да оддаде почит на загинатите борци кај плочата на Карпалак. Положувањето цвеќе таа го замени со фејсбук статус.

Социјалните мрежи зовреа, критики во голем број.  Ама не само на интернет – разочарувањето дел од граѓаните го споделија и пред камерата на Алфа.

Дали со ваквиот потег Шеќеринска сака да „помогне“ во тенденцијата да се заборави поновата историја, како вистината за вооружениот конфликт во 2001-та?

Шекеринска не најде време да отиде да лично да оддаде почит на Карпалак, но пред само неколку месеци се фотографираше со градоналачникот на Кичево Дехари, пред знамето на УЧК, што ги разлути граѓаните. Потоа таа се правдаше дека 2001 година е зад нас и вети дека нема да ја повтори грешката.

Министерката , вчера во Прилеп, испрати само делегација од нејзиниот кабинет, а зошто таа не присуствуваше, побаравме одговор. Од кабинетот на Шеќеринска велат за Алфа, дека Министерството за одбрана и Армијата со бројни делегации учествуваат на активностите за оддавање почит на годишнината од загинувањето на бранителите и дека тоа се правело според договор и распоред во рамки на институциите.

Од одбрана додаваат, дека министерката утре ќе присуствува на церемонија во касарната „Илинден“ каде ќе  положи венец пред Спомен-плочата на загинатите припадници на македонската армија.

Викторија Миткова