Анкета: Најголем дел од граѓаните не веруваат во пописот

Над 30 проценти од населението не верува на пописот кој го подготвува власта, покажува најновата анкета на Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА. Начинот на пребројувањето на населението позитивно го оцениле 23.4 отсто од испитаниците, додека пак 34.7 проценти сметаат дека се уште е рано за оценка. Речиси 7 отсто е поголема бројката на оние граѓани кои со недоверба гледаат на оваа операција.
На прашањето – Кој е најголемиот проблем на Владата, дури 33.5 проценти од испитаниците сметаат дека тоа е криминал кој е неказнет,32.3 мислат дека тоа е невработеноста на граѓаните, додека пак 10 отсто оценуваат дека проблем е лошата економија.
Во анкетата од институтот за стратегии и истражувања е оценета и работата на скопските градоначалници брз база на впечатокот на испитаниците. Така најнегативно е оценет градоначалникот на Аеродром, Марин за кој 75.2 отсто се незадоволни. По него на второто неславно место е Шилегов за кој 70.6 проценти од испитаниците се изјасниле негативно, а само 25.3 позитивно.
Поголема позитивна оценка од негативна добиле само градоначалникот на Центар, Богдановиќ и Богоев кој е прв човек на општина Карпош.
Анкетата е спроведена телефонски во период од 21 до 25 декември 2020та врз репрезентативен примерок од 1.523 испитаници .
Мери Ѓорѓиевска