Анкета на Маркет вижн: Ако утре се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе има за 28% повеќе гласачи од СДСМ

39 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат парламентарни избори, а за владејачката СДСМ 31 процент, покажуваат податоците од последната анкета на Агенцијата Маркет вижн спроведена за потребите на МКД.мк. Разликата помеѓу најголемите македонски политички партии според јавното мислење е високи 28% во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на бројот на гласачи кои гласовите би ги дале за овие две партии.

Зголемување на процентот е забележителен споредбено и со анкетата спроведена во јули. Ако сега разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на целокупниот примерок од анкетираните граѓани (1.200) изнесува 2,4 %, во јули разликата била 1,5 отсто. Според податоците од анкетата оваа разлика во определбата на гласачите, на ВМРО-ДПМНЕ би му донела разлика од 10 пратенички места во однос на СДСМ.

Огромен е процентот на граѓани кои на прашањето за која партија би гласале ако утре се одржат парламентарни избори одговориле со „не знам“ (31,1%), „нема да гласам/бојкотирам“ (22,5%) и „не сакам да откријам/кажам“ (19,4%).

Ос алабанскиот политички блок, предничи ДУИ со 2,6% доверба кај граѓаните. За Алијанса на Села би гласале 1,8. За БЕСА, Левица, Турската партија, ДПА, ВМРО-НП, ГРОМ, за Глас за Македонија процентот е идентичен или 0,3.
Ова истражување покажа и уште еден тренд на зголемена разочараност на граѓаните од Специјалното јавно обвинителство, од правосудството, од работата на власта.

Анкетата беше спроведено од 17 до 24 септември со употреба на КАТИ (CATI) метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 6% (+-3%) и интервал на доверба 95%.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол и возраст во однос на проценките за населениетот од Државниот завод за статистика од 2017 година. На барање на клиентот и поради споредливост на резултатите, албанската популација во примерокот е застапена со 20,7%.