Анкета на ИПСОС – втор дел: 53% сметаат дека Заев има лоши резултати како премиер, 64% сметаат дека владата не се бори против корупцијата

Повеќе од половина од  македонските граѓаните, сметаат  дека претседателот на Владата во оставка, Зоран Заев, има лоши резултати како премиер, а над  60 проценти,  сметаат дека владата, не се бори против корупцијата, покажува вториот дел од анкетата, на агенцијата „ИПСОС“.      На прашањето – „како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев, како премиер на државата“, според резултатите на „ИПСОС“, дури  53 проценти од испитаниците, одговориле, дека резултатот од работата е лош, а добар бил за 29 проценти.

На прашањето пак – „како ја оценувате, досегашната борба на владата против корупцијата“, 64 проценти одговориле – дека е незадоволителна, а 29 отсто –  дека е задоволителна. Во однос на тоа, „дали граѓаните се задоволни од пакетот мерки во економијата, кој го донесе владата, за справување со ковид-кризата“, дури 55 отсто од испитаниците, се изјасниле – дека се незадоволни, а 37 проценти биле задоволни.

Вчера беше обајвен првиот дел од анкетата на  Агенцијата, според кој, на прашањето – „доколку утре, би имало  предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале“ најголем број граѓани одговориле – дека ќе гласаат за вмро-ДПМНЕ. Партијата на Мицкоски ја ужива довербата кај 21 отсто, а за СДСМ, одговориле дека ќе гласаат – 12,5 отсто од испитаниците. Огромно мнозинство од испитаниците, од првиот дел од анкетата,  смета дека државата – оди во погрешна насока, а најголем проблем се економијата, малите плати, а високи цени. Анкетата на „ИПСОС“, е  спроведена теренски,  од 6-ти, до 20-ти декември, 2021-ва, година,  врз 1 023 испитаници, на територијата на Република  Македонија при што биле запазени – демографските карактеристики..

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста