Анкета на ИПСОС: ВМРО ДПМНЕ би бил победник на предвремените парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ ужива поголема доверба кај граѓаните во однос на СДСМ, покажало најновото истражување на јавното мислење спроведено од Агенцијата ИПСОС за потребите на партијата.

Дури 22.5% од испитаниците одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори и на тие избори би се кандидирале само партии, а не коалиции. На истово прашање поддршката за СДСМ била помала или само 15.3%.

Во контекст на актуелната политичка ситуација , високи 44.2% од граѓаните излезот од кризата го гледаат во предвремени парламентарни избори, против биле 38.8%, а 11.4 отсто одбиле да одговорат на прашањето. Мнозинството од испитаниците или  високи 57% сметаат дека државата се движи во погрешна насока. По собраниските случувања со иницијативата за гласање на доверба на актуелната влада  26% од испитаниците одговориле и дека отсуството на Кастриот Реџепи било Затоа што има земено пари да не присуствува на седницата и да не гласа.

За потребите на ВМРО-ДПМНЕ, Агенцијата ИПСОС од 12 ти до 30 ноември 2021 година спроведе теренска анкета на територијата на целата држава, на репрезентативен примерок од 1 010 испитаници.

Advertisements