Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ, ова го покажува најновата анкета Институтот за Политички Истражувања од Скопје . Доколку наредната недела се одржат предвремени парламентарни избори според бројот на гласови победата би припаднала на партијата на Мицкоски. Дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ  се изјасниле 23,1 проценти од испитаниците,  а за СДСМ 21.2. Што значи дека опозицијата ужива 1.9 проценти повеќе од сегашната партија на власт.

Дури и ако се соберат бројките на СДСМ и БЕСА заедно според анкетата, повторно повеќе доверба кај граѓаните има ВМРО-ДПМНЕ. Во албанскиот блок се уште фаворит е партијата на Ахмети која има 1 процент повеќе од колацијата на Гаши и Села.

Со оглед дека анкетите покажуваат предност во корист на опозицијата, останува отоврено прашањето дали можеби власта знае дека ја губи својата сила и затоа преку барањето за заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ сака да ја подели одговорноста за лошите политики и да си гарантира позиција на власт?

Анкетата е спроведена од 1 до 4 март преку телефонско истражување на 1109 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето запазени се демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста