Анкета на ИПИС: Мнозинството на граѓани незадоволни од работата на Владата и Филипче во ковид епидемијата

Дури 39,7 проценти од граѓаните воопшто не се задоволни од начинот на кој Владатпа се справува со корона кризата покажува последната анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС).

На прашањето колку се задоволни од досегашната работа на Владата за справување со епидемијата со ковид-19, најголемиот број од анкетираните, 39,7 отсто се изјасниле дека не се задоволни, додека целосно задоволни се 17,1 отсто од испитаниците. Повеќе од половината од анкетираните сметаат дека Владата не презела навремени мерки.

Педесет отсто од анкетираните сметаат дека вакцините доцнат поради негрижа или неспособност на власта. За 33 проценти пак, набавката на вакцини доцни поради немањето доволно вакцини и затоа мора да се чека.

Мнозинството од испитаниците, не се задоволни од министерот Филипче.. На прашањето „Какво е вашето мислење за министерот Венко Филипче“ негативен одговор дале дури 41.3 проценти од испитаниците додека позитивно одговориле 37,5 отсто.

Ова е вториот дел од анкетата која ја споведе ИПИС, Првиот дел беше објавен вчера кој покажува дека граѓаните на Македонија најмногу ги преферираат вакцините на Спутник-В и Фајзер. 57,7 проценти се изјасниле дека ќе се имунизираат доколку имаат можност, 24,5 рекле дека нема да се вакцинираат.

Истражувањето е спроведено телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста