Анкета на ИПИС: Македонија по подолго време се движи во позитивна насока

Анкета на ИПИС: Македонија по подолго време се движи во позитивна насока

Христијан Мицкоски е убедливо најпопуларен политичар во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ партија со најголема доверба кај граѓаните. Најновата анкета на ИПИС покажува дека мнозинството граѓани даваат голема поддршка за актуелната власт предводена од Мицкоски, кој има дури пет пати поголем рејтинг од Венко Филипче.

Во анкетата на ИПИС, дури 27,8% од граѓаните дале позитивно мислење за премиерот. Потоа следат Али Ахмети со 8,6% и Венко Филипче со само 5.5%.  26,5% од испитаниците одговориле дека немаат доверба во ниту еден од политичарите.                                      

Доколку утре се одржат парламентарните избори, ВМРО ДПМНЕ би имала убедлива предност пред СДСМ и ДУИ кај гласачите. На прашањето за доверба во политичките партии, граѓаните изразиле 26% отсто доверба во владејачката партија. Следуваат СДСМ ДУИ и ВЛЕН сите со идентична доверба од 7 отсто. По нив е Левица со 5%, и ЗНАМ со 4%.

Рејтингот на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ е 31 процент, додека на коалицијата „Европска иднина“, предводена од СДСМ е само 10 отсто.

Граѓаните целосно позитивни ги оцениле и 100-те дена работа на владата, а 25,2 насто, делумно позитивно, со што се добива бројка од 56,7% позитивно мислење за работата на владата и премиерот Мицкоски. 

Целосно негативно, работата на владата во првите 100 дена ја оцениле 19,8 насто од граѓаните. 51,2 проценти од граѓаните сметаат дека владата на Мицкоски работи подобро во споредба со претходната на Димитар Ковачевски од СДСМ, а 12 проценти од граѓаните мислат дека е полоша.

На телефонската анкета која се направила на 1200 испитаници во периодот од деветти до 13 октомври, на прашањето за францускиот предлог, 53% од граѓаните не го поддржуваат, 28% го поддржуваат, а 19 проценти одбиле да одговорат.

Што се однесува до тоа дали треба да се изврши промена на уставот и да се почнат преговори со Европската унија, доколку промената на уставот има одложено дејство, анкетата направена во истиот период на ист број граѓани, 52% одговориле позитивно, додека 3 негативно, а девет проценти не сакале да одговорат.

Дека Македонија се движи во позитивна насока, сметаат најголемиот дел од граѓаните, односно 25 насто. Во делумно позитивна сметаат 24,9 проценти, додека во донекаде негативна 12,5%. 24,3% сметаат дека Македонија се движи во негативна насока.   

37,5% сметаат дека криминалот и корупцијата се најголемиот проблем со кој се соочува Македонија. Потоа 19,7% сметаат дека тоа се економијата и животниот стандард, а потоа следат невработеноста, високите цени, квалитетот во образованието, здравството.

Инаку анкетата на ИПИС е направена со телефонски и теренски метод. Телефонската анкета е спроведена во периодот од 9-ти до 13 октомври и е направена на 1500 испитаници, додека теренската анкета е спроведена од 1-ви до 20 октомври и е направена на 1005 испитаници. 

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста