Анкета на “Habeas Corpus“: Ако утре има избори најголем број граѓани ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ

Ако утре се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ има водство пред СДСМ, покажуваат резултатите од најновата анкета спроведена од Институтот “Habeas Corpus” кој разработува прашања од правниот и политички систем.

Според податоците од анкетата 22,5% од граѓаните одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ за парламентарни избори. Коалицијата СДСМ/БЕСА има помала доверба кај граѓаните, и според анкетата за нив би гласале 20% од нив.

Во албанскиот блок за ДУИ би гласале 6,1%, додека за Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива гласот би го дале 4,5% од анкетираните. Под еден процент поддршка имаат Левица и ДПА, додека одговор немале 15,3% од анкетираните.

На прашањето дали владата добро се справува со корона кризата, мнозинството односно 58,3 отсто одговориле негативно, а 32,7% се изјасниле со „Да“.

Според анкетата мнозинството од граѓаните или 62,8% рекле дека не се задоволни од економските мерки на Владата, а помалклу од половина од овој процент или 29% рекле дека се задоволни.

Она што би требало исто така да ја загрижи владејачката структура е поврзано со пакетите социјална помош што ги дели СДСМ, имено тие за 50 проценти од испитаниците без дилема се предизборен поткуп, а за 28,4% претставуваат искрена желба за помош од партијата.

Како што информираат од Институтот, анкетата е спроведена телефонски врз примерок од 1.159 испитаници во периодот од 08 до 11 јуни 2020 година. При истражувањето се водела сметка на етнографската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и на резултатите од последните парламентарни избори.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста