Анкета на „АКСИОС“: Арсовска „му бега“ на Шилегов за 4%

На само неколку дена пред одржување на локалните избори, најновите анкети покажуваат убедливо водство на независниот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска за нов градоначалник на Скопје. Таа има предност од дури 4,8 проценти од актуелниот татко на метрополата. Според анкетата на  Инситутот „АКСИОС“, за Арсовска би гласале 18,3 проценти, а за Шилегов 13,5 проценти. Анкетата е спорведена во град Скопје, на примерок од 795 испитаници.

Петре Шилегов – СДСМ 13.5 проценти

Данела Арсовска – независен кандидат  18.3 проценти

Перо Георгиевски- Левица 5.7 проценти

Арбен Шаќири – ДОМ и ЛДП 5 проценти

Ана Петровска- независен кандидат 4.2 проценти

Друг 9.4 проценти

Ниту еден 20.4 проценти

Не знам – немам одговор 23.5 проценти

Според истраувањето на АКСИОС, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат предност и во голем дел на останатите општини ширум Македонија. Во Велес на примерок од 526 испитаници, дури 26,1 процент се изјасниле дека ќе гласаат за Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ, зад него е Ненад Коциќ од СДСМ со 21,2 проценти. Водство опозицијата има и во Штип, таму се анкетирани 514 граѓани.

Сашко Николов- СДСМ 21.6 проценти

Иван Јорданов- ВМРО-ДПМНЕ  24.7 проценти

Друг 5.3 проценти

Ниту еден 21.9  проценти

Не знам- немам одговор 26.5 проценти

Бројките од анкетата покажуваат дека СДСМ има водство во Струмица.

Од скопските општини засега во истражувањето на АКСИОС е објавена само анкетата за Бутел, а таму на примерок од 422 анкетирани, процентите покажуваат дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Костовски ужива поголема доверба кај гласачите. На прашањето За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Бутел, 28,2 проценти се изјасниле за Костовски, а за кандидатот на СДСМ, Смилевски 24,7.

Анкетата е споведена од  24.09 до 28.09.2021 на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.Статистичкта грешка на анкетата е околу 2%.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста