Анкета: Мнозинството граѓани го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, води пред СДСМ со повеќе од три проценти

Водство на ВМРО-ДПМНЕ пред коалицијата на СДСМ и Беса покажуваат најновите истражувања на јавното мислење.Според анкетата на Институтот БИПС граѓаните имаат над три проценти повеќе доверба во опозицијата. 24,5 проценти од испитаниците се изјасниле дека на изборите на 15 јули ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ и Беса 21,4 проценти. ДУИ има поддршка од 4,1 процент, Алијанса за Албанците три, Левица еден и ДПА 0,6 проценти.

Анкетата на институтот за демократизација на човековите права и слободи и истражувања во областа на безбедноста покажува дека 23, 9 проценти од граѓаните нема да излезат да гласаат. 18 проценти пак одбиле да одговорат

Гледано по изборни единици според истражувањето ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред СДСМ во пет од шесте изборни единици. Единствено во шестата со доминантно етнички албанско гласачко тело каде носител е Касами, коалицијата на СДСМ и БЕСА е во водство.

Во првата изборна единица Гордана Сиљановска-Давкова води со 25,9 проценти пред Никола Димитров кој има поддршка од 21,7 отсто.

Владо Мисајловски е со 3,7 проценти поголема доверба од Оливер Спасовски. Нивниот сооднос во втората изборна единица е 21,9 спрема 18,2 отсто во корист на Мисајловски.  Во тројката Јанушев има поддршка од 29,3 отсто наспроти Љупчо Николовски со 22,6 отсто.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во четвртата изборна единица има поголем рејтинг од лидерот на СДСМ Заев. 25,8 наспрема 23,7 за Николоски.

Игор Дурловски го поддржуваат 24 проценти во петтата изборна единица, а Радмила Шекеринска 19,2 проценти.

Во шеската најголема доверба има Али Ахмети од 17,5 проценти. За Билал Касами од СДСМ и БЕСА би гласале 16,6 проценти, а за Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ 13,9 отсто. Зијадин Села го поддржуваат 11,6, а Мендух Тачи 2,6 проценти од гласачите.

Во останатите изборни единици каде партиите од албанскиот политички блок имаат свои кандидати ДУИ има предност пред Алијанса за Албанците од 0,3 до 1,1 процент.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста