Анкета ИПСОС: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ

На само шест дена пред одржување на локалнте избори анкетите покажуваат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ужива поголема доверба кај граѓаните од СДСМ. Теренското истражување на ИПСОС на 1002 испитаници покажува дека партијата на Мицкоски води дури 6 проценти пред партијата на Заев. На трето место според анкетата е партијата на Ахмети, по неа Левица, потоа Алијанса на Албанците.

1. ВМРО-ДПМНЕ 22%

2. СДСМ 16%

3. ДУИ 7%

4. Левица 6%

5. Алијанса на Албанците 5%

6. Беса на Касами 1%

7. ДПА 1%

8. Алтернатива 1%

9. Друго 1%

10. Неодлучни 14%

11. Одбивам да осговорам 16%

12. Не би сакал/а да гласам 10%

Оваа анкета е споведена од ИПСОС од 17.09.2021 до 06.10.2021, за потребите на ВМРО ДПМНЕ.

Денеска се појави уште една анекта за како би гласале граѓаните за кој да  биде на чело на нивните општини ширум Македонија. И на оваа анкета водство има ВМРО-ДПМНЕ.  Истражувањето покажало дека во Радовиш кандидатот од партијата на Мицкоски е дури за 3.3 проценти пред кандидатот на Социјал- демократите, односно за Ристов од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 22,8 проценти, а за Черакчиев од СДСМ 19,5 отсто Анкетата е направена на промерок од 463 испитаници.

Слична е состојбата и во Каварарци. Во оваа општина се анкетирани 491 лице.

Телоп ( ДА СЕ ПРОЧИТА ЦЕЛСНО)

Горан Тодоров- СДСМ 21.3 проценти

Митко Јанчев- ВМРО-ДПМНЕ 29.1 проценти

Ниту еден 23.4 проценти

Не знам – немам одговор 26.2 проценти

И во Свети Николе според анкетата се поизвесно е дека најголема можност за градоначалничка функција има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владев за кого би гласале 25,6 проценти, а за кандидатот на СДСМ, Велковски 22,5 отсто од анкетираните. Истражувањето е спроведено на 415 граѓани на општината.

Во Берово водство има Пекевски со 24,1 %, зад него е Рашковска со 23,4 отсто, анкетирани се 386 лица.

Оваа анкета е спроведена во периодот од од 2 до 6 октовмри , реализирна од институтот АКСИОС по нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“, статистичкта грешка на анкетата е околу 2%.

Мери Ѓорѓиевска